На 29 април 2026 година во 10:50 часот, во СВР Тетово, 63-годишна жена од тетовско пријавила дека била жртва на уцена од страна на две лица.
Според пријавата, таа под притисок им ги препишала акциите од правно лице во Тетово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Надлежните институции работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, по што се очекуваат и соодветни поднесоци.


