Дваесет и петгодишен маж го загуби животот по пукање што се случило во скопската населба Дуќанџик, пренесе Скопје 1.

Според првичните информации, младиот маж бил застрелан и имал повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата. По инцидентот, со екипа на Итната медицинска помош тој бил пренесен на Ургентниот центар, каде што им подлегнал на повредите и покрај обидите на лекарите да го спасат.

Засега нема официјални информации за околностите под кои се случило убиството, ниту за сторителот и мотивите.

Exit mobile version