Цените на суровата нафта на светските берзи денеска забележаа значителен раст, достигнувајќи го највисокото ниво во последните шест недели. Главна причина за овој скок е најавата од Иран дека се ближи кон крајот договорот со Оман за управување со поморскиот сообраќај низ стратешки важниот Ормутски теснец.
Суровата нафта „Брент“ се искачи на повеќе од 98 долари за барел, што претставува рекордно ниво во изминатите месец и пол.
Истовремено, според податоците на „Трејдинг економикс“, суровата нафта се тргуваше по цена од 93,5 долари за барел.
На американскиот пазар, суровата нафта WTI се искачи на 93 долари за барел, со што беше забележан највисок ценoвен степен во последните три месеци.
Покрај нафтата, благ раст регистрираа и благородните метали. Цените на златото и среброто се зголемија за 0,07 односно 0,18 долари за унца.
Понатамошниот неконтролиран раст на цените на енергенсите за сега е делумно ограничен, откако големите светски економии започнаа со повлекување на залихи од своите стратешки резерви со цел да ги ублажат прекините во снабдувањето и последиците од поскапиот увоз.


