Убиениот Енис Исени избегал од Холандија каде чекал судење за убиство и пукање на плажа

Еден од убиените во „Шиша бар“, Есен Исени избегал од судење за убиство во Холандија, пишуваат тамошните медиуми.

28-годишникот бил осомничен дека пред две години бил вмешан во пукотници во кое бил убиен еден Колумбиец. Исени бил уапсен во февруари 2021 година како еден од деветмината осомничени за убиството во Берген ан Зе.

Судот го пуштил на слобода под услов да не ја напуштил Холандија и да го предаде пасошот.

Но Исени ги прекршил мерките и избегал во Македонија, а судењето за убиството на Колумбиецот во Холандија почна вчера. Есен Исени беше убиен на шести март во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија кога маскирани вооружени лица го ликвидираа заедно со Јетон Кривањева.

16.03.2023 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега