Убиецот од Цетиње имал дозвола за оружје, а се лекувал во психијатриска болница

Вук Бориловиќ уби 10 луѓе и повреди шест пред да биде застрелан од негов сосед, откако претходно полицијата го погодила.

Бориловиќ бил ловец и имал дозвола за оружје, а исто така се лекувал во психијатриска болница, па се поставува прашањето чија грешка е да му се издаде пушка.

„Кај нас многу тешко се доаѓа до дозвола за оружје. Голем број луѓе во претходните години ги загубија дозволите. Во Црна Гора одите на медицински преглед, по што ви се одобрува дозвола или ви се одзема. Имате разговор со психијатар. Мислам дека законот за заштита на податоци никому не му дозволува да оди во психијатриска болница и да побара досие за некого. Очигледно Министерството за внатрешни рабтои не побарало информација дали Вук е способен да има дозвола за оружје“, вели професорот Илија Животиќ.

15.08.2022 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега