Случајот со Ива Михаилова стана една од главните регионални теми, а за нејзиното заминување во Бугарија, барањето за екстрадиција и реакциите меѓу Скопје и Софија пишуваат и српските медиуми, кои пренесуваат и остри обвинувања за нејзиното однесување и семејството.

Што пишуваат медиумите од регионот за Ива Михаилова?

„Убавата Ива (23) предизвика смртоносна сообраќајна несреќа, па избувна дипломатски скандал на Балканот! Избега од земјата, а сега е познато што ќе се случува со неа“ – Блиц.рс

„Убавата Ива не изразила сочувство ниту се извинила за смртта на Бесим: ‘Избегала кај татко ѝ криминалец во Бугарија’“ – Телегра.рс

„Ива Михаилова од Кочани тврди дека легално ја преминала границата“ – Српске новине

„Бугарскиот амбасадор повикан на разговор поради начинот на кој Ива Михаилова била пречекана во Софија“ – Блиц

„Распишана меѓународна потерница по убавата Ива: Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во Скопје“ – Телегра.рс

„Зошто е распишана потерница по убавата Ива? Ѝ ги одзеле двата пасоша, вештак откри шокантен детаљ“ – Телеграф.рс

Принтскрин, Телеграф.рс

Случајот со Ива Михаилова и натаму ги затегнува односите меѓу Скопје и Софија, додека се очекува разврска околу барањето за нејзина екстрадиција, а регионалните медиуми продолжуваат да ги следат реакциите и правните чекори на двете страни.

Случајот со Ива Михаилова започна по сообраќајната несреќа со смртни последици кај Кочани, по која против неа се води судска постапка. На 11 октомври таа замина во Бугарија, каде што побара медицинска помош во софиската болница „Пирогов“. Македонските институции соопштија дека немаат евиденција за нејзино излегување од државата, а обвинителството побара притвор. На 13 октомври судот ѝ определи 30-дневен притвор, по што македонските власти покренаа постапка за нејзино апсење и екстрадиција. Случајот предизвика реакции во двете земји, а бугарските власти потврдија дека го добиле барањето, но засега нема потврда дека Михаилова е уапсена во Бугарија или дека е донесена конечна одлука за екстрадиција.

Exit mobile version