Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно. Ова на Фејсбук го напиша министерот за надворешни работи, Тимчи Муцунски.
-„Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, остварив средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.
На средбата беше официјално потврдено дека од март Флајдубаи ќе воспостави директна авионска линија Дубаи–Скопје, со три лета неделно.
Се согласивме дека директната линија ќе отвори нови можности за унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за натамошно зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.
Ова е конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра поврзаност, а значајна улога во остварувањето на оваа цел имаше и македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати, преку посветена и континуирана работа во изминатиот период”, напиша Муцунски.


