Уапсено младо момче од Скопје

Полицијата синоќа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје уапсила 21-годишен скопјанец поради сомнение за разбојништво.

Според информациите, приведениот на 17 септември ограбил спортска обложувалница на улицата „Финска“ во Скопје.

„ Подоцна, врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајден пиштол „Екол и Волтран Туна“ со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото“ соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.09.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа