Уапсениот советник на Ѓукановиќ пуштен да се брани од слобода

Советникот на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, Веселин Веjовиќ, беше пуштен да се брани од слобода, откако истражниот судија на Основниот суд Цетиње не го прифати предлогот на локалното обвинителство да му одреди мерка притвор до 30 дена.

 

По напуштањето на судот, Веjовиќ коментираше дека одлуката за укинување на притворот „потврдила дека Црна Гора има капацитети и институции“.

 

„Верувам дека не се работи за факти и не за вистина, туку за политички прогон и политичка одмазда на премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ“, рече Веjовиќ, пренесува РТЦГ.

Обвинителството на Веjовиќ, поранешен директор на Полициската управа на Црна Гора , се сомнева дека за време на вчерашните протести по повод устоличувањето на митрополитот Јоаникије во Цетиње, сторил кривично дело напад на службено лице при вршење службени дејствија

Веjовиќ беше изведен пред истражниот судија на Основниот суд во Цетиње, заедно со предлогот на обвинителството за притвор.

Претходно, обвинителството му одреди притвор до 72 часа поради опасност од повторување на делото и страв дека ќе може да влијае врз сведоците со тоа што ќе остане на слобода.

06.09.2021 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега