Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар.
Тие се сомничат сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б.. Известен е јавен обвинител и на местото се, повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
- Мицотакис со порака до туристите: Нема причина за загриженост, Грција е безбедна дестинација
- Филмска уцена во Тетово: Барал 5.000 евра за да не објави снимки од разговори
- Зимата допрва доаѓа, се најавува сериозен снежен бран на Балканот
- Николоски: Браната Отиња ќе биде готова до 2027,Штип ќе добие вештачко езеро налик на Мавровското
- Платил 2.000 евра за возачка дозвола на сопругата, но никогаш не ја добила – измама во Гостивар
- Дневен хороскоп: Силна интуиција за Овните, Вагите под налет на емоции, еве што ги чека Рибите
- Кумановец „падна“ во рацете на полицијата: Пронајдена дрога и дигитална вага при претрес
- Денеска се Младенци: Денешниот ден го открива времето за цела пролет, а еве што треба да јадете за здравје

