Уапсени двајца штипјани кои дилале дрога

Штипската полиција денеска уапсила двајца штипјани кои дилале дрога.

„На 16.09.2021 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.Г.(20) и Ј.П.(21), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана“-известија портпаролите на полицијата во Штип.

По целосно документирање на случајот против дилерите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

16.09.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега