Уапсени двајца кумановци: Нападнале сограѓанин, а оштетиле и возило

Двајца кумановци, на возраст од 18 и 31 години се уапсени поради физички напад врз 25-годишник. Тие оштетиле и автомобил во кое жртвата била сопатник.

-Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(18) и И.Б.(32), двајцата од Куманово, поради тоа што околу 02.30 часот во населба „Иго Тричковиќ“ во Куманово физички го нападнале С.Т.(25) од Куманово, а го оштетиле и возилото во кое тој бил како сопатник, а го управувал К.Ѓ.(25) од Куманово, велат од полицијата.

 Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега