Уапсени четворица албански државјани поради нерегулиран престој во Македонија

Четворица албански државјани се уапсени во текот на вчерашниот ден поради тоа што немале регулиран престој во Македонија.

-Вчера во 16,15 часот во с.Лабуништа кај место викано „Бороечки мост“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Лабуништа при проверка на патничко моторно возило „Нисан“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.Р.(69) ги затекнале и привеле А.Ц.(58), К.Ц.(27) и А.Ц.(22) сите од Р.Албанија, поради прекршок по законот за странци, односно нерегулиран престој во РСМ, велат од полицијата.

 Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега