Уапсена дилерка на кокаин во Тетово

МВР информираше дека вчера во околу 19:30 часот Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово околу 18:30 часот ја лишиле од слобода В.Р.(45) од Тетово, дилерка на кокаин. 

При извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место. 

В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега