Приведено е лицето кое ја прегази и ја усмрти 75 годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Лицето е приведено во Врање, Србија, ексклузивно во „Претрес со Ландов”, откри адвокатот Звонко Давидовиќ, пренесува Скопје1.

Осумнаесет годишното лице, кое со возило тешко ја повредил жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот, заедно со неговиот татко било пренесено преку граница од роднини.

„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија.Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.

„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија”, рече во Претрес, адвокатот Давидовиќ.

Exit mobile version