„Се извинувам ако некој од граѓаните се почувствувал навредено “, рече Билал Касами, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, во врска со коментарите од јавноста откако се појави на лидерската средба во луксузен автомобил „БМВ Х7“.
Касами рече дека автомобилот му припаѓа на негов братучед и дека го користи и Движењето Беса.
„Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата, односно на Движењето Беса. Јавноста знае дека сум бил на вакви состаноци и во други прилики, без разлика дали во Владата или на состаноци на лидери со скапи автомобили, но уште еднаш кажувам дека го немам овој комплекс. Автомобилот со кој дојдов на лидерската средба е на мојот братучед“, нагласи Касами.


