Српската полиција му стави крај на „филмското“ разбојништво на 42-годишниот В.Г., државјанин на Македонија, кој подолг период ги тероризирал вработените во обложувалници и пошти во Краљево. Осомничениот бил уапсен во специјална акција откако оперативците успеале да му влезат во трага.
Македонецот имал добро разработена шема: влегувал во објектите маскиран со фантомка, им се заканувал на вработените со пиштол и ги принудувал да ги предадат сите пари од прометот. При претресот во станот каде што престојувал, полицијата пронашла дел од парите, маската, но и реплика на пиштол со која ги вршел нападите.
Вкупната штета која ја предизвикал нашиот државјанин изнесува над 700.000 српски динари. Тој веќе е задржан во притвор, а граѓаните на Краљево конечно здивнаа од серискиот разбојник.

