Уапсен лидер на секта, криел информации за заразени

Јужнокорејските власти го уапсија основачот на тајна христијанска секта, Ли Ман-хеа, која стана жариште на коронавирусот поради наводно криење важни информации во врска со следењето на контактите на заразени и други престапи.

Тој е влијателен лидер на Шинчеониовата исусова црква каде се регистрирани 5.200 заразени со коронавирусот или 36 отсто од сите случаи во Јужна Кореја.

Обвинителите тврдат дека 89-годишниот Ли заедно со други членови на сектата планирале на властите да им скријат информации за скокот на заразени меѓу повеќе од 20.000 следбеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега