Уапсен крадец во Скопје, ќе издржува затворска казна

 

Полицијата уапси 50-годишен крадец од Скопје баран до потерница. Како што соопшти МВР, полициските службеници го пронашле денеска околу 14:40 часот на улицата ,,Менделеева”.

Лицето било барано по централна потерница, по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци поради обвинение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Тој ќе биде пренесен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

01.06.2023 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега