Уапсен измамник од Свети Николе: Им барал пари, за нивен член од семејството да не оди во затвор

На 28.11.2023 во периодот од 20.00 до 23.32 часот во Полициската станица Свети Николе биле пријавени седум измами во обид, соопшти полицијата.

Според пријавеното, едно лице, кое се претставувало како полициски инспектор, се јавувало на граѓаните и под изговор дека нивен член на семејството предизвикал сообраќајна несреќа во која има загинати лица, барал пари да им помогне да не одат во затвор. Се работи на расчистување на случаите.

29.11.2023 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега