Уапсен Горан Грујевски, поранешен началник на петтата управа - „газдата“ на нелегалното прислушување!


КЛАН ТВ
пренесе дека на 13.04.2024 година во Загреб е уапсен Горан Грујевски, роден 13.10.1966 година, државјанин на Република Македонија, против кого е распишана меѓународна потерница.

Горан Грујевски беше началник на Петтата управа во МВР.

Тој заедно со Бошковски се главни обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Грујевски, како што објави КланМ, беше обвинет и во случајот „Тврдина 2“, за незаконско палење документи на ДСК, доказите за нелегалното прислушување, но и во случајот „Арка“ заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ за нелегално снабдување со опрема за прислушување од Велика Британија.

Горан Грујевски, како што соопшти Клан МК, е во бегство од 26 јули 2017 година кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.

Грујевски и Бошковски избегаа  по донесувањето на решението за притвор од Апелациониот суд . Наместо да ги испрати во Шутка, како што објави КланМ, судот им даде рок од една недела да се жалат до Врховниот суд.Тоа го искористија двајцата   за да избегаат од земјава.

Граничната полиција на Македонија го ослободи Грујевски со идентитет и пасош на неговиот колега Владимир Варелов, исто така обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“.

Грујевски и Бошковски, како што соопшти КланМ, биле уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Нексби Асан и Христо Атанасов. Во меѓувреме и двајцата побараа политички азил во Грција.

 
14.04.2024 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега