Уапсен Буба Корели: Раперот се товари за носење оружје и нанесување тешки телесни повреди
Амар Хоџиќ во јавноста познат како Буѕба Корели уапсен е после вчерашните пукотници во сараевската населба Ступ, пренесуваат босанските медиуми.
-Апсењето се случило во 22:55 часот, две лица се уапсени, рекол портпоаролот на МВР Мирза Хаџиабдиќ.
Корели бил уапсен на улицата Љубљанска во возило. Неговото возило било претресени. Тој се товари за предизвикување на општа опасност, носење оружје и нанесување тешки телесни повреди.
Од босанското МВР е потврдено дека лицата кои се здобиле со повреди не се ранети со огнено оружје, туку станува збор за повреди здобиение во тепачка. Да потсетиме инцидентот се случил вчера во околу 16:30, а полицајците затекнале две повредени лица.
Се уште се трага по едно лице кое при пукањето било во „мерцедес“. Распишана е потерница по тој автомобил.
Буба Корели се наоѓа во просториите за задржување во МВР и чека да излезе пред обвинител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа