Уапсен Босанец во Германија: Повикал Брза помош бидејќи му било лошо, а тие затекнале хорор во спалната соба

Маж со потекло од БиХ е осомничен за убиство на својата сопруга во градот Лимбургерхоф, објавија полицијата и јавното обвинителство во Франкентал.

Според германските медиуми, мажот бил приведен  во чествртокот наутро, а за време на апсењето не давал отпор.

Според главниот обвинител, тој повикал брза помош бидејќи не му било добро. Откако службениците на итната помош пристигнале, влегле во спалната соба а таму ја затекнале жената која лежела мртва на креветот.

Тие веднаш повикале полиција, а во моментов се претпоставува дека се работи за убиство.

Главниот обвинител рекол дека жената најверојатно починала по удар во главата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега