Уапсен 31-годишник од Драчево

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи  – Кисела вода, Отсек за потраги, вчера на улица „Стари Новакиња“ во населба Драчево, по добиена судска наредба, го лишиле од слобода М.Н. (31) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци, во врска со член 236 од Кривичен законик. М.Н. е предаден во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка.

22.06.2021 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега