На 16.08.2026 година, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.Ј. (20) од с. Жировница.

Во периодот од 03:25 до 04:00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, при што била пронајдена и одземена темнокафеава прашкаста материја.

Е.Ј. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а против него ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version