Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека мировните преговори за ставање крај на војната на Русија против Украина се „далеку од завршени“ и истакна дека Западот и Украина мора да останат обединети.
„По вчерашните разговори со европските лидери, стана јасно дека западните земји и Украина ќе ја изгубат конфронтацијата ако Русија успее да ги подели и да ги диктира условите за мир. Изјавата за учеството на САД во безбедносните гаранции е успех. Но, преговорите се уште се далеку од завршени“, рече Туск на платформата X.
Ова следува по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида, каде тие разговараа за условите за воспоставување мир меѓу Украина и Русија.

