Турските власти уапсија повеќе од 700 луѓе

Турската полиција уапси повеќе од 700 луѓе, вклучително и членови на прокурдската политичка партија во операцијата против терористичката организација ПКК.

Информацијата денеска ја соопшти Министерството за внатрешни работи. Турската влада во неделата соопшти дека борци од забранетата Курдска работничка партија (ПКК) убиле припадници на полицијата и војската, пренесува Ројтерс.

Ова се случи еден ден по убиството на 13 турски заробеници на северот на Ирак, соопшти денеска турското МВР.

Турската влада вчера соопшти дека борците на забранетата ПКК погубиле припадници на полицијата и војската.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега