Close Menu
    Најново

    Крал Чарлс повикува на единство и сила во различноста

    25.12.2025 во 21:36

    Руска пошта прекина копнен превоз во дел од Европа

    25.12.2025 во 21:03

    Димитриевски во „Аргумент плус“: СДСМ губи членство поради затвореност идеструктивен наратив

    25.12.2025 во 20:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Крал Чарлс повикува на единство и сила во различноста
    • Руска пошта прекина копнен превоз во дел од Европа
    • Димитриевски во „Аргумент плус“: СДСМ губи членство поради затвореност идеструктивен наратив
    • Инцидент над Балтикот: Руски извидувачки авион пресретнат од Полска
    • Протест на „Стоп за УСЈЕ“ – се бара дислокација на цементарата
    • Престрелка во Боден: Напаѓачот убиен при апсење
    • Претседателката: Преговорите со ЕУ не смеат да отвораат идентитетски прашања
    • Зимска идила – паѓа снег во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Туркиш ерлајнс ѝ донира авион „Ербас А319“ на Албанија

    Туркиш ерлајнс ѝ донира авион „Ербас А319“ на Албанија

    25.12.2025 во 17:52
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ќе ѝ го префрли сопствеништвото на модифициран авион „Ербас А319-115J“ на Владата на Албанија, во рамки на билатерален договор за грант, како дел од напорите за унапредување на дипломатските и економските односи меѓу двете земји.

    Станува збор за авион вреден 11,9 милиони долари, регистриран под ознаката TC-GVC, со сериски број 1002, произведен во февруари 2000 година, кој и понатаму останува целосно сертифициран за летачки операции. Договорот е објавен денеска во Службен весник, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на „Туркије тудеј“.

    Во билатералниот договор се наведува дека донацијата има цел да ги зајакне „пријателските односи и блиската соработка“ меѓу Турција и Албанија, воспоставени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 1992 година. Двете страни изразуваат подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката, вклучително и во областа на техничката и одбранбената поддршка.

    „Договорот ја одразува заедничката посветеност на двете земји за продлабочување на институционалните партнерства во цивилното воздухопловство, одбранбената логистика и пошироките стратешки сектори, а воедно служи и како симболичен гест на поддршка на Турција за напорите на Албанија за регионален развој и интеграција“, оценува „Туркије тудеј“.

    Авионот ќе ѝ биде испорачан на албанската Влада без никаква финансиска обврска, при што Турција ќе ги покрие и трошоците поврзани со неговиот трансфер.

    Популарно

    Мицкоски кон ДУИ: Вие донесовте одлука за бришење на балансерот, должите извинување на Албанците

    25.12.2025 во 12:27

    Дојде зимата – каде има снег во моментов

    24.12.2025 во 13:20

    Без потреба не тргнувајте на пат – снежна бура во Србија

    25.12.2025 во 19:05

    (ВИДЕО) Падна полицаец: Фатен со шверцувани петарди – запленети над 25 тони пиротехника натоварени во две товарни возила

    25.12.2025 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.