Туристите ги објавија цените на производите во Грција: Гирото малку поскапо - пивото со иста цена
Грција ги отвори границите па туристите кои се таму веќе јавуваат за цените во продавниците, кафулињата и на плажите. Велат дека во овој претсезонски период, цените се и пониски но голем дел од локалите кои работат сезонски се уште не се отворени. Искуството вели дека некаде од средината на јуни ќе почнат да се покачуваат цените.
Во моментов некои производи се благо поскапени во однос на претходните сезони (последната беше пред 2 години) иако многу се уште имаат иста цена.
Македонските туристи често пазарат во големите маркети, а таму цените и не се многу различни од оние во Македонија.
Еве ги цените кои веќе ги објавуваат туристите.
Гиро – 2,50-3,50 евра
Гиро порција – 6,00-8,00 евра
Пица – 5,00-12,00 евра
Кафе(во кафуле) – 1,00-2,50 евра
Шише вода 0,5 – 1,30 евра
Топка сладолед – 0,90-2,00 евра
Леб – 0,80-1,30 евра
Јогурт – 2,00-4,00 евра
Јајца – 1,80-4,00 евра
Пиво лименка – 0,50-3,00 евра
Кока кола 1,5л – 1,59 евра
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа