Турците сакаат да инвестираат кај нас: Трипуновски се сретна со бизнисмените
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи.
Се работи за компанија којашто има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот.
На средбата се зборуваше за големиот интерес за инвестиција во нашата земја.
Турските бизнисмени ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.
Се разговараше за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.
-Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство, посочува Трипуновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа