Турција се заканува со операција во Сирија како одговор на терористичкиот напад во Анкара

 

Копнена операција во Сирија е една од опциите што Турција би можела да ги разгледа, изјави претставник на турското Министерство за одбрана откога беше откриено дека двајца напаѓачи на владината зграда во Анкара дошле од Сирија.

„Нашата единствена цел е да ги елиминираме терористичките организации што претставуваат закана за Турција. Копнената операција е една од опциите за елиминирање на оваа закана, но тоа не е единствената опција што ја разгледуваме“, изјави турски претставник, пренесе „Ројтерс“.

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, вчера објави дека легитимни воени цели се инфраструктурните и енергетските објекти во Ирак и Сирија за кои рече дека се под контрола на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (YPG).

„Советуваме трети страни да се држат подалеку од објектите контролирани од ПКК и ЈПГ. Одговорот на нашите вооружени сили ќе биде многу прецизен“, рече Фидан.

Во неделата, 1 октомври, двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара кога двајца полицајци беа полесно повредени.

05.10.2023 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега