Турција: Нема да избрзуваме со приемот на Шведска во НАТО
Комисијата за надворешни работи на турскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на членството на Шведска во НАТО алијансата кога тоа ќе дојде на ред по вообичаениот тек, изјави денеска претседателот на комисијата, додавајќи дека прашањето не е толку итно за Анкара како што е за некои други земји.
Предлог-законот Шведска-НАТО „ќе се дискутира кога ќе дојде време во согласност со агендата на Комитетот за надворешни работи“. „Сè што е итно за другите земји не мора да биде итно за нас“, изјави Фуат Октај пред пратениците на состанокот во парламентот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред десет дена официјално го проследи барањето за прием на Шведска во НАТО до турскиот парламент, по 17 месеци блокада, соопшти неговиот кабинет.
Во јули, Ердоган го укина ветото за прием на Шведска во НАТО, додавајќи дека ратификацијата ќе зависи од турскиот парламент, кој продолжи со работа по летната пауза на 1 октомври. Ердоган продолжи да врши притисок врз Шведска од летото да преземе мерки против „навреда на Куранот“.
Анкара ги прекорува шведските власти за нивната попустливост кон курдските милитанти кои живеат на нејзина територија и бара екстрадиција на десетици од нив. Анкара го одобри влезот на Финска во НАТО на 30 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа