Турција и Грција си разменија сочувство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во петокот разменија сочувство за загубите на животите предизвикани од силниот земјотрес што ги погоди нивните земји.

„Само што го повикав претседателот @RTErdogan да изразам сочувство за трагичната загуба на животите од земјотресот што ги погоди обете земји“, напиша Мицотакис на Твитер.

„Без оглед на нашите разлики, ова се моменти кога нашиот народ треба да застане заедно“, додаде Мицотакис.

И Ердоган изрази подготвеност за помош доколку Грција доколку има потреба.

Турскиот претседател одговори и на објавата на Мицотакис.

„Ви благодарам, господине премиер. Искажувам сочувство на цела Грција во име на мене и на турскиот народ. И Турција е секогаш подготвена да и помогне на Грција да ги залечи раните. Дека двајца соседи се солидаризираат во тешки времиња е повредно од многу работи во животот“, напиша Ердоган на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа