Туфегџиќ: Државен срам – плаќаш здравствено за да трчаш за вакцина во друга земја

Поранешната пратеничка од редовите не СДСМ, Ивана Туфегџиќ денешното масовно вакцинирање на македонските граѓани го оцени како државен срам.

-Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава. Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да спасат жива глава зашто се оставени на цедило од својата држав, напиша таа на Фејсбук.

Според неа, грешките кои ги направиле надлежните во целиот процес со набавката на вакцини довел до гнев и бес кај граѓаните.

-Недостигот на стратегија, инаетот кон другите вакцини поради некаква геостратешка политика, неодговорноста и неорганизираноста на човечките капацитети со кои располагаме придонесе за гнев и бес на луѓето. А, најмногу од се комуникацијата: "не оваа среда, следниот петок".  Ни полициски час, ни ништо нема да ги спречи луѓето да одат да си бараат спас. Гневот и бесот кон сопствената држава ќе остане и ќе расте. Единствено се надевам со оваа масовна вакцинација во Србија барем докторите кај нас ќе здивнат малку наредниот период, зашто тие се вистинските патриоти, како што се сака сега да се употребува во секој контекст, напиша Туфегџиќ на Фејсбук.

Плаќаш здравствено осигурување за да трчаш за вакцина во друга држава. Ова денес е државен срам. Граѓаните бараат да...

Posted by Ивана Туфегџиќ on Saturday, 27 March 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега