Тројцата осомничени во случајот со убиената Вања се сами во посебни соби во Шутка, за да не се соочат со револтот на другите притвореници

Тројцата осомничени за случајот со киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, кои завршија зад решетки и добија 48-часовен притвор се сместени секој сам и во посебни простории во Шутка, неофицијално пренесува „Фокус“.

Порталот повикувајќи се на нивни информации, штипјанецот Влатко Кешишов, велешанецот Велибор Манев и валешанецот Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револтот на другите притвореници. Дел од нив се жалеле и на здравствени проблеми, но немале некои поголеми потешкотии.

04.12.2023 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега