Тројца вработени на радиологоија заразени со коронавирус - техничар и покрај тоа што имал позитивен тест си доаѓал на работа

Тројца вработени на Клиниката за радиологија се заразени со вирусот Ковид-19, дознава Курир.

Директорот Даниел Ѓурчинов за Курир потврди дека по првиот случај на коронавирус кај вработениот техничар, позитивни тестови се пристигнати и за уште двајца вработени.

-Се работи за вработена, колешка на првозаболениот која била во контакт со него, односно заедно работеле и уште еден вработен, нивен колега. Двајцата позитивните тестови ги добиле во текот на вчерашниот ден. На тестирање и во изолација се пратени уште двајца вработени кои се без симптоми, но имале контакт со нив, вели за Курир Ѓурчинов.

Како што објасни директорот, заболениот техничар минатата недела се вратил на работа откако поради хронична болест претходно бил ослободен од работните обврски. Ѓурчинов тврди дека во петокот и понеделникот (кога и го добил позитивниот тест) вработениот одел втора смена на работа и немал контакт со многу пациенти и вработени.

Ѓурчинов вели дека за несовесното однесување на техничарот кој со симптоми доаѓал на работа ќе биде поведена дициплинска постапка, а се разгледуваат можностите и за евентуално поднесување на кривична пријава.

Тој изрази уверување дека Клиниката располага со доволно персонал кој ќе ги замени вработените, како и дека засега нема да има промени во огранизацискиот дел на работењето.

И од Министерството за здравство информираа дека според нивните сознанија потврдени се три случаи на Ковид-19 на Клиниката. Од ДСЗИ за НОВА вчера истакнале дека можен е нов кластер на коронавирусот на Клиниката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега