Тројца скопјани нападнале татко и двајца синови во нивниот дуќан- еден од нив со прострелна рана заврши на Клиника

 

Едно лице со прострелна рана донесено на Клиника, откако претходно три лица им влегле во дуќан и ги нападнале неговите двајца синови, по што тој се симнал од горниот кат да види што се случува,па еден од напаѓачите пукал кон него со пиштол.

„На 23.07.2020 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреда бил донесен Р.Б.(68) од Скопје. Според пријавеното, во неговиот продажен објект на бул.„Никола Карев“ околу 21.30 часот дошле Е.С.(33), Н.С.(56) и Џ.С.(27), сите од Скопје и физички ги нападнале неговите синови Е.Б.(41) и Е.Б.(27).“ соопшти МВР.

Според пријавеното, Р.Б. од горниот кат се симнал да види што се случува, при што Е.С. од пиштол испукал еден куршум и го повредил во десната надколеница, по што напаѓачите избегале.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега