Трогателна љубовна приказна во Турција: Жената која го оставила ја чека на автобуска станица 24 години

 

Еџевит Окузџу, жител на провинцијата Синоп во Турција, 24 години чека на автобуска станица да се врати неговата сакана жена.

Турските медиуми пишуваат дека љубовната приказна на Окузџу е многу потресна.

На новинарите им рекол дека токму на таа автобуска станица ја сретнал жената од неговите соништа и дека нивната љубовна приказна се развивала токму онака како што тој си замислил, додека не се случила трагедијата.

На млада возраст му била дијагностицирана болест поради која постепено го изгубил видот. Иако поминал низ бројни третмани, ниту еден не се покажал успешен. За жал, жената што ја сакал отишла во Истанбул и повеќе не се вратила, пренесува Klix.ba.

Иако оттогаш поминаа повеќе од 20 години, Окузџу не ја изгуби надежта, верувајќи дека еден ден неговата сакана ќе се врати на истата автобуска станица каде што за првпат се сретнаа нивните патишта. Затоа тој секој ден чека на станицата.

Како што вели, нема блиски членови од семејството освен неговиот брат кој не живее со него.

Во текот на денот, Окузчу може да се види на автобуската станица, место кое сега локално е познато како станицата „ашик Еџевит“, што значи „заљубен Еџевит“, што стана еден вид симбол на неговата трајна љубов и посветеност.

14.06.2023 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега