Трипуновски: Вашите „успешни“ политики од Македонија направија држава која питачи за храна кај комшиите
Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на прес-конференцијата на Гоце Георгиевски од СДСМ.
„Ниедна вода не може да ја измие неспособноста на СДСМ во земјоделството каде што направивте пепел и на ниедна ваша лага не верува ниту еден од земјоделците кои наместо да се радуваат кога ќе пристигне родот за продажба, кошмари ги мачат дали ќе го продадат своето производство и дали барем ќе си ги повратат средствата од вложеното, а тие ваши „успешни“ политики ја направија Македонија од извозно ориентирана во увозно зависна држава за храна која питачи кај комшиите за литар масло и килограм брашно.
Се чудам и кој ви дал за право да ги споменувате тутунарите? Истите оние кои ги омаловажувавте и дозволивте неколку години со ред да им се откупува тутунот по мизерни цени!
А фалбата: дека вашата грижа за нив ги исплатила субвенциите е крајно неморална и потценувачка кон тутунарите бидејќи со вашето недомаќинско работење и покрај изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, вас ви беа потребни скоро цел месец да почнете со исплата на истите со што докажавте пред сите дека немате пари во буџетот а тоа што две недели ги малтретиравте тутунарите да одат секој ден пред банки и да се молат дека тој ден можеби ќе има пари за нив точно ја покажува вашата грижа за земјоделците.
Затоа избори веднаш!!!“, напиша Трипуновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа