Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска заедно со кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка, Оливер Алексовски разговараа со земјоделците од општината и ги ислушаа нивните барања и потреби.

На трибината детално беа претставени чекорите кои се преземаат за надминување на долгогодишниот проблем со неправилното одгледување на поголем број грла говеда – прашање кое директно ги засега жителите на повеќе населени места и им нанесува секојдневна штета, напиша Трипуновски на ФБ.

Министерството и Владата се целосно посветени на решавање на овој проблем, и во периодот што следи очекуваме конечно решение кое ќе значи ред, заштита и поддршка за сите засегнати граѓани, додава Трипуновски во објавата на ФБ.

Exit mobile version