Екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска ги сподели најубавите вести со јавноста – тој наскоро ќе се оствари во улогата на родител. Преку емотивна објава на социјалните мрежи, Костадинов откри дека со неговата сопруга го очекуваат нивното прво дете, синот Никола.
„Во ова мое животно патување, исполнето со подеми и падови, победи и порази… научив многу.
Кариерата ме градела, животот ме калел, искуствата ме менувале.
Но ништо… баш ништо не може да се спореди со чувството што доаѓа сега.
Најголемиот успех во мојот живот не е титула, не е позиција, не е постигнување.
Најголемиот успех е да станеш родител. Да станеш татко.
Со срце полно љубов и душа исполнета со благодарност, го очекуваме нашето најголемо богатство…
нашиот Никола.
Нашиот нов почеток. Нашиот живот“, стои во објавата на Костадинов.


