Трипуновски: Неотповикливи оставки од Бабовски и Николовски

 

„Состојбата со ширењето на африканската свинска чума е катастрофална, свињарскиот сектор е загрозен, а под знак прашалник е безбедноста на храната на граѓаните, а директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и министерот Љупчо збор не изустиле кои мерки ќе ги преземаат и како ќе се справат со настанатата ситуацијата“, напиша на својот фејсбук профил Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа барам неотповиклива оставка ВЕДНАШ! Прво оставка од Бабовски и Николовски, а потоа одговорност! Доста е од негрижа. Доста е од неспособност и неодговорност. Време е за промени“, пишува Трипуновски на својот Фејсбук профил.

12.08.2022 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега