Повеќе од 1,4 милијарди денари дополнителни средства за финансиска поддршка во земјоделскиот сектор и руралниот развој се предвидени со најновиот предлог-ребаланс на Буџетот. Најавата ја соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој посочи дека се издвојуваат пари и за капитални проекти во водостопанската инфраструктура.

Покрај директната поддршка за земјоделците, средства се насочуваат и кон долгорочни инвестиции во системите за наводнување.

„Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.“

Според ресорниот министер, новата рамка на финансирање треба да овозможи поголема стабилност за домашното производство.

„-Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец. Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство – напиша Трипуновски во објавата на својот Фејсбук профил.“

Exit mobile version