Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово доби нова современа лабораториска опрема, набавена со поддршка од 12 милиони денари. Целта на овој проект, како што истакна Цветан Трипуновски, е да се зајакнат капацитетите за анализа на квалитетот и безбедноста на прехранбените производи.
Според Трипуновски, оваа инвестиција е чекор кон модернизација на целиот систем за контрола на храната во државата.
„Со поддршка од 12 милиони денари инвестиравме во современа лабораториска опрема за анализи на квалитет и безбедност на храната на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Придонесуваме во модернизација, создавање на систем кој гарантира безбедна и квалитетна храна за граѓаните“, нагласи Трипуновски.
Очекувањата се дека новата опрема значително ќе придонесе во олеснување на процедурите за испитување и ќе ја зголеми прецизноста во контролата, обезбедувајќи дополнителна сигурност за потрошувачите.


