Трипуновски: Го враќаме достоинството на македонскиот земјоделец
Пченицата е една од најважните стратешки култури во државата. Јас во разговор со земјоделците и откупувачите се обидовме да најдеме некоја цена која што ќе е прифатлива. Жалам што ја наследуваме годината, односно жетвата на самиот крај, а не во делот на креациите, но го следиме овој процес, за да знаеме дали како држава ќе треба да помогнеме со дополнителна субвенција“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
„Владата на мое барање донесе одлука да се стопира набавката на стокови резерви на 15.000 тони пченица, која што по терк требаше да влезе надвор од нашите граници и пак македонската да останеше неоткупена“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека во разговор со Агенцијата за стокови резерви се поставија критериуми да набавката биде од домашниот пазар.
„Оваа субвенција која што планираме во наредниот период да ја дадеме е за да ги подготвиме земјоделците за наредната сеидба“, додаде Трипуновски.
Тој посочи дека дојде време кога македонскиот земјоделец ќе живее достојно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа