Трипуновски до Николовски: Прекини со твоите глупости

„Николовски, прекини со твоите глупости и под итно исплатете ги субвенциите на тутунарите“ ова му го порача Цветан Трипуновски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ајде тоа што НЕ работиш во интерес на земјоделците, човек може и да те сфати бидејќи толку разбираш. Но, да ја потценуваш интилигенцијата на тутунарите и да ги убедуваш дека заради некои измени во законот кои требало да се направат , тие да не можат да си ги добијат субвенциите па плус и да ги убедуваш дека тоа е во нивни интерес е навистина без осет и човечност.

Па дали некој ти кажал дека ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ постои и според тој закон кој го донесе ВМРО ДПМНЕ години наназат се исплаќаат субвенциите, и се додека не се промени истиот важи старото законско решение со кое исплата на субвенции на тутунот требаше да биде во МАРТ така да оваа лага не ти поминува кај тутунарите. Бидејќи не знам дали знаеш, а сигурно незнаеш дека земјоделството не е како далечинското од климата во твојот кабинет, кога сакаш пушташ топло кога сакаш ладно, земјоделството има строго дефинирани рокови на садење и берење, а рокот за садење на тутунот е СЕГА . А доколку немате пари во буџетот чесно е да им кажете на тутунарите за тие да си го бараат чарето бидејќи нив им се најпотребни парите СЕГА И ВЕДНАШ, стои во објавата на Трипуновски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

12.05.2022 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа