Здравствените власти излегоа со нови податоци за епидемиолошката слика во државата, посочувајќи дека додека состојбата со водоснабдувањето и пациентите во Гостивар бележи видливо стабилизирање и намалување на бројот на хоспитализирани, бројот на регистрирани случаи со западнонилска треска на национално ниво се искачи на вкупно 13 лица.

Според официјалните информации од ресорното министерство, десет пациенти со потврдена дијагноза во моментов се наоѓаат на болничко лекување на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, при што за жал три лица се во тешка и критична здравствена состојба.

Како одговор на зголемениот број заразени вектори, надлежните институции во текот на ноќта спроведоа вонредни превентивни мерки.

„Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје да спроведе дополнителна терестичка, односно земјена адултицидна дезинсекција против комарци. Вонредниот третман беше спроведен во текот на ноќта како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од ширење на инфекцијата.“

Exit mobile version