Трилер во група Е: Германија елиминирана – втора сензација на Јапонија

Германија вторпат по ред не успеа да ја пројде групата на Светско првенство поради победата на Јапонија над Шпанија. Малку фалеше Коста Рика да направи сензација, па во осминафиналето да се пласираа Јапонија и репрезентацијата од централна Америка.

Германците брзо го отворија натпреварот, со голот на Гнабри уште во 10. минута и во текот на целото прво полувреме напаѓаа, но без успех. Коста Рика успеа да се врати во второто полувреме со голот на Теједа во 58. минута, а 12 минути подоцна да поведе. Со таков резултат Коста Рика ќе завршеше на втората позиција во групата, но Германците „запнаа“ и за 15 минути дадоа три гола за конечни 2:4.

Речиси во исто време се отвори и натпреварот Јапонија – Шпанија. Мората стрелаше уште во 11. минута, но во второто полувреме Јапонците успеаја да ги изненадат Шпанците и за само 3 минути да дојдат до водство. Доан беше стрелец на голот за израмнување во 48. минута, а во 51. за водство на Јапонците стрелаше Танака.

Со ваков резултат Јапонија е прва во групата и во осминафиналето ќе игра против Хрватска, репрезентација која важи за „потежок“ противник. Шпанија како второпласирана ќе игра против Мароко, репрезентација која е во одлична форма, но на хартија е аутсајдер.    

 

01.12.2022 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега