Трикратна олимписка шампионка: Зошто сите молчевте кога НАТО ја бомбардираше Југославија?

 

 

Трикратната олимписка шампионка во уметничко лизгање, Ирина Родњина побара руските спортисти да добијат право да се натпреваруваат на турнирите под нивното знаме, иако Русија почна инвазија во Украина.

 

Поранешната шампионка праша зошто никој не реагирал во 1999 година кога НАТО ја бомбардирало Југославија, туку сега сите се бунат по руската инвазија.

 

„Кога НАТО земјите ја бомбардираа Југославија, нивните спортисти мирно учествуваа во сите натпреварувања. Јас молчам за Америка која водеше многу војни, а никој никогаш во историјата не ги натера да настапуваат нивните спортисти под неутрално знаме. Ова уште еднаш покажува дека имаме селективна правда“, вели Ирина.

 

21.03.2022 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега