Триесет и петмина Авганистанци кои привремено престојуваа во земјава заминаа за Грција

 

Од Влада денеска соопштија дека 35-мина граѓани на Авганистан, кои привремено престојуваа во Северна Македонија, денеска заминале за Грција каде им е обезбедено трајно прибежиште.

– Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел од големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во земјата, наведоа од Влада.

Во земјава престојуваат 407 граѓани од Авганистан.

– Институциите, во текот на нивниот престој им ја пружаат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации, посочија од Влада.

21.10.2021 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега